Image default

ОДЗЕМЕНИ ДВА ТЕЛЕФОНА НА ВРАБОТЕНО ЛИЦЕ ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ, ИМАЛО ИНДИКАТИВНА КОМУНИКАЦИЈА ВО МОБИЛНИОТ НА ПРИТВОРЕНИОТ ВРХОВЕН СУДИЈА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ

Екипа на МВР – Оддел за Крим полиција и Оддел за сузбивање на организиран криминал, по наредба на судија на претходна постапка, денеска од крајот на работното време па до 19 часот била во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, откаде одзеле два мобилни телефона од вработено лице во Академијата, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК .

Истражителите дошле до сознанија дека ова вработено лице е поврзано со уапсениот врховен судија Наќе Георгиев, кој е во притвор за земање мито за влијание врз судии за да помогне во постапка за обвинет.

Од Обвинителството за организиран криминал за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека воопшто не станува збор за акција, туку за проверка на индиции, поради што биле одземени и двата мобилни телефона на вработеното лице, кое комуницирало со врховниот судија Георгиев.

Екипата истражители сепак не дошла само по телефоните, туку ја интересирале и седмата, осмата и деветтата (последна генерација) чие школување е во тек.

За седмата генерација зеле документација за член од фамилијата на Георгиев, школуван во Академијата и веќе избран за судија.

За осмата генерација ги интересирал видео-надзорот од квалификацискиот испит.

Related posts

Чачарова – Илиевска: Интерпелација на член на Судски совет е недозволен и противуставен акт

Editor A2News

Насилство во Свети Николе: Се тепале татко и син, и двајцата пријавиле напади во полиција

a2news

Злоупотреба на буџетот и сметки со потпис: Државната комисија за спречување на корупцијата започна истрага за поранешнaта министерка за култура

a2news