Image default

340 патници со часови беа заглавени на хрватски траект кој се расипа во Јадранот

„Новоиот“ ферибот на Јадролинија наречен „Оливер“, кој беше купен пред два месеци, денеска се расипа на пат кон Сплит и 340 патници со часови беа заглавени на него.

Бродот е стар 27 години, и Јадролинија го купи за 12 милиони евра, а за ремонт потроши уште 2,7 милиони.

Пред тоа траектот пловел во Грција под името Хермес, а во Хрватска бил пуштен во употреба на 20 мај.

Траектот го добил името по пејачот Оливер Драгојевиќ, а Јадролинија го ангажирала на линијата Сплит-Вела Лука-Убли.